Hans LINDBERG (Füchse Berlin #18), Jubel, Emotion, Faust, Schrei

„Посакувам да продолжам, но можеби нема да има клуб за мене“

Ветеранот во редовите на Фуксе Берлин, Ханс Линдберг по завршувањето на оваа сезона ќе си замине од бундеслигашот.

Искусниот ракометар иако има 41 година, сепак, за следната сезона е на мета на неколку клубови, кои го посакуваат во своите редови и наскоро треба да биде позната неговата нова дестинација, доколку продолжи да игра.

,,Јас сѐ уште сакам да продолжам да бидам на терените, бидејќи имам голема желба да играм. Но, морам да кажам дека сум нервозен, можеби нема клуб кој ќе понуди одличен договор на 41 годишен ракометар”, изјави Линдберг за германскиот таблоид ,,Bild’.

Данецот во Фуксе Берлин пристигна во текот на 2016 година. Во својата кариера го носеше дресот и на Хамбург, Виборг и Нордсјеланд. Со екипата на Хамбург во сезона 2012/13 ја освои Лигата на шампионите.

Репрезентативецот на Финска и актуелен член на Архус, Хакун Вест Ав Тејгум е замената за Линдберг во Фуксе Берлин и следната сезона заедно со младиот шведски репрезентативец Валтер Кринц ќе формираат дуо на десната крилна позиција во редовите на ,,лисиците”.