Вкупно 24 од 32 репрезентации веќе го обезбедија својот настап на Светското првенство кое ќе се игра во Шведска и Полска.
Во изминатата недела во која се играа квалификациите девет европски репрезентации обезбедија пласман, а за наша голема радост меѓу нив е и Македонија. Од европските квалификации покрај Македонија место изборија: Белгија, Португалија, Унгарија, Исланд, Германија, Србија и Хрватска.
Избрани се веќе и репрезентациите кои ќе бидат „домаќини“ во групата по градови. Така Норвешка ќе игра во групата Ф во Краков, Шпанија во групата А исто така биде во Краков. Актуелниот светски шампион Данска ја доби групата Х во Малме. Германија ќе се натпреварува во групата Е во Катовице, Исланд во групата Д во Кристијанштад и Хрватска во групата Јонкопинг.
„Би сакал да им посакам срдечно добредојде на сите репрезентации кои веќе се квалификуваа на СП 2023“, изјави директорот на турнирот во Полска, Гржегорж Гутковски.
Ждрепката за групната фаза на Европското првенство е закажана за на 2. јули, а како што веќе е познато Македонија е сместена во вториот шешир, а тоа значи дека не може да играме против: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора и Полска.