2020 година низ фотографии (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ФОТО РЕТРОСПЕКТИВА 2020

Во годината која го предизвика секојдневието, во услови на корона вирус и прилагодени услови за живот, ракометот немаше вистинска можност да ја одбележи 2020 година. Сè започна добро со Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, а заврши со одложениот Фајнл Фор турнир во Лигата на шампионите, кој наместо јунски доби декемвриски датум без публика и голема помпа. Во меѓувреме не се одиграа бараж дуелите за СП, квалификациски натпревари за ЕП, се одложија Олиписките игри, европските лиги имаа скратен и изменет распоред со многу откажани средби, а Европското првенство за жени изгуби една држава домаќин и во Данска се одигра под посебни „балон“ услови. Додека се навикнуваме на новото секојдневие замина 2020 година, со надеж дека 2021 ќе го врати животот и спортот во нормала.

Во годината која го предизвика секојдневието, во услови на коронавирус, ракометот не ја доби вистинската можност да ја одбележи 2020 година. Одеше добро до април кога почнаа одлагањата. Почна со Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, а заврши со одложениот Фајнл Фор турнир во Лигата на шампионите, кој место јунски доби декемвриски датум без публика. Во меѓувреме не се одиграа бараж дуелите за Светското првенство во Египет, квалификациските натпревари за ЕП, се одложија Олиписките игри, европските лиги имаа скратен и изменет распоред со многу откажани средби, а Европското првенство за жени изгуби една држава домаќин и во Данска се одигра под посебни услови. Како изгледаше оваа 2020 година можете да погледнете и низ фотографиите.