Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот натпревар од баражот за Светското првенство против селекцијата на Фарски Острови.
Селекторот Кире Лазаров за денешниот дуел ги одбра 16-те играчи, а меѓу нив се најде големата надеж на македонскиот ракометар Дамјан Митев.
17-годишниот среден бек, кој игра одлично во суперлигашката конкуренција, токму против Фараните ќе го има деби настапот во сениорскиот дрес.
Во сениорската репрезентација настапува и неговиот постар брат Марко Митев.
Денешниот натпревар меѓу Фарски Острови и Македонија е закажан со почеток од 20:00 часот.
Реванш дуелот меѓу двете репрезентации ќе се одигра на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски“.
ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве кои 16 ракометари ќе играат против Фарски Острови
Mакедонија – Фарски Острови, прва епизода од мундијалската битка