16 репрезентации ќе водат финални битки за осум места на Светското првенство

Оваа недела ќе бидат познати уште осум патници на Светското првенство во Шведска и Полска.

16 репрезентации меѓу кои е и Македонија посакуваат и бараат место на на Светското првенство во 2023 година. Македонија за своето место на СП ќе се бори со Чешка каде што на клупата ќе дебитира шпанскиот селектор Хавиер Сабате.

Изненадувањето на Европското првенство во јануари, репрезентацијата на Црна Гора последен пат играше на Светско првенство во 2013 година и сега се надева дека против Грција ќе се избори за враќање на завршницата со најдобрите репрезентации во светот.

Селекцијата на Хрватска ќе биде голем фаворит во дуелот против Финска. Хрватите очекуваат нов пласман на едно Светско првенство, нивна елиминација во овој двомеч со Финците би била еднаква на сензација. Иста е и ситуацијата, па дури и уште по изразита улога на фаворит има Германија против Фарски Островои.

Селекцијата на Србија ќе има тешка задача против Зорман и Словенија. Ова ќе биде прв натпревар на овие две селекции после 2013 година. Селекторот Урош Зорман се надева на продолжување на победничката серија на клупата на Словенците. Србите секако дека имаат квалитет, па двомечот меѓу овие две селекции се очекува да биде еден понеизвесните.

Белгија ќе потсетиме обезбеди место на Светското првенство откако Русија доби суспензија од ИХФ.

БАРАЖ НАТПРЕВАРИ, СРЕДА 13-ТИ МАРТ

Австрија – Исланд 18:00

Израел – Унгарија 18:00

Финска – Хрватска 18:00

Германија – Фарски Острови 18:15

Грција – Црна Гора 18:15

Словенија – Србија 20:00

Чешка – Македонија 20:15