13 од 13 – Барса ја отвори сезоната со трофеј

Тимот на Барселона ја освои сезоната со трофеј, откако славеше во каталонскиот Супер Куп натпревар.

Избраниците на Ортега го победија Гранољерс со убедливи 13 голови разлика, 38-25. Каталонците го отворија натпреварот со експлозивен старт, поддржани од феноменалниот настап на голманот Емил Нилсен, кој имаше дури 13 одбрани во првото полувреме.

Нападот беше предводен од Домен Макуц, Дика Мем и Луис Фраде.

Барселона водеше од самиот почеток, со серија 6-1 во првите девет минути и предност 19-10 на полувреме, а во вториот дел продолжи со доминација и голови во ремжата на Гранољерс.

Со ова, Барселона го освои својот 13. трофеј во Супер Купот на Каталонија – сите на дуели против Гранољерс.