13 Македонци ќе играат во ЛШ, најбројни се Французите! (ФОТО)

Во новата сезона од Лигата на шампионите ќе играат вкупно 16 екипи, а меѓу нив и македонскиот првак Вардар.

За разлика од претходните сезони, во „црвено-црните“ редови доминираат македонските репрезентативци – ги има вкупно 10.

Во Вардар оваа година ќе играат Јагуриновски, Мишевски, Ристовски, Карапалевски, Георгиевски, Кизиќ, Гашовски, Стоилов, Талески и Димитриоски.

Покрај нив, уште тројца Македонци ќе бидат дел од елитното натпреварување. Станува збор за Кире Лазаров со Нант, Дејан Манасков со Веспрем и Никола Митревски со Порто.

Најмногубројни во ЛШ се Французите, 44, а второто место го делат Данците и Словенците – имаат по 36 ракометари во елитното натпреварување. Интересно е што свои претставници имаат и САД, Колумбија, Италија, Литванија, Словачка…