13 гола на Митков не беа доволни за Холабрун

Тимот на Холабрун, каде што игра македонскиот интернационалец Влатко Митков, загуби во Втората лига на Австрија.

И покрај одличната партија на играчот-тренер Митков, кој беше најдобар на теренот, сепак Корнебург си замина со полн плен од Холабрун по триумфот со 30-28.

Митков успеа да постигне 13 погодоци, од кои пет од пенал, но тоа не беше доволно за позитивен резултат.

Холабрун сега е трет на табелата во Втората лига со 18 бодови, додека првото место го делат Ацгерсдорф и Корнебург со 20 бода.