Ракометарките на Ѓорче Петров вечерва ќе го одиграат реванш дуелот против Елче во четвртфиналето од Европскиот Куп.
Ѓорчепетровки на првиот натпревар, кој беше одигран минатиот викенд, беа поразени со 36:21, па така второто денешно соочување меѓу македонскиот и шпанскиот тим ќе биде само формалност.
Натпреварот ќе започне со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.
Поради убедливата победа на првиот дуел, шпанскиот тим ќе обезбеди пласман во полуфиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување.