Машката кадетска репрезентација денеска го започнува настапот на квалификацискиот натпревар за Европското првенство.
Избраниците на Наум Танески за ривал во првото коло ќе ја имаат селекцијата на Словачка.
Натпреварот меѓу Македонија и Словачка се игра во салата во Автокоманда, а започнува од 15:00 часот.
Овој дуел може да го следите на ЕХФ ТВ (ТУКА), но за тоа ќе ви биде потребна регистрација од неколку чекори.