🔴ВО ЖИВО🔴 Македонија – Швајцарија

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го има последниот настап на Европското првенство 2024.

По двата порази, во првото коло од Франција и во второто коло од Германија, избраниците на Кире Лазаров денес ќе атакуваат на првите бодови.

Последен ривал на Македонија е незгодната репрезентација на Швајцарија, која исто така остана без пласман во главната фаза.

Победникот од овој дуел ќе заврши на третото место во групата, а тоа е значајно за обезбедување на првиот шешир за баражот за СП 2025 година.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе се одигра во „Мерцедес Арена“ во Берлин со почеток од 18:00 часот.

Пренос ќе има на првиот и третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.

Натпреварот ќе може да го проследите и преку ЕХФ ТВ, односно на следниов ЛИНК.

*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.