🔴ВО ЖИВО🔴 Македонија – Грција

Сениорската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките на тактички и технички план пред настапот на Европското првенство во Германија.

Избраниците на Кире Лазаров денес и утре ќе тестираат против репрезентацијата на јужниот сосед.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Грција ќе се одигра со почеток од 17:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ и ѐ од отворен тип, a може да го гледате ТУКА.

Двете репрезентации во Солун одиграа два пријателски меча во текот на месец октомври минатата година.

Тогаш првиот дуел заврши нерешено, 29:29, додека на вториот триумфираше македонската репрезентација со 23:22.