🔴ВО ЖИВО🔴 Македонија – Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска против Фарски Острови ќе го одигра реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство 2025.

Македонија за пласман на Мундијалот ќе мора да ја надомести високата негатива од првиот натпревар, кој беше одигран на гостински терен во Торшавн.

Фараните на првиот натпревар одиграа одлично и обезбедија важна победа од седум гола разлика, триумфираа со 34:27.

Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.

Реваншот на македонската репрезентација со Фарски Острови може да го гледате ТУКА  и ТУКА.