📸Швеѓаните ја слават бронзата на ЕП, си обезбедија пласман на ОИ!

ЕП 2024: Меч за 3 место Шведска – Германија галерија

Репрезентацијата на Шведска го освои третото место на Европското првенство во Германија, откако во дуелот со домашната селекција триумфираше со 34:31 (18:12). Избраниците на Глен Солберг со освоениот бронзен медал си обезбедија директно место на Олимписките игри во Париз, додека Германија ќе мора преку квалификации да брка пласман на најголемата спортска манифестација. Шведска во победата над „панцирите“ беше предводена од голманот Андреас Паличка, кој имаше дури 19 интервенции, додека во нападот одлични беа Феликс Клар со осум и Себастијан Карлсон со седум погодоци.