📸 Од ладниот Рејкјавик во жешкото Скопје – Исланѓанките тренираа пред Драмски Театар

Една од првите репрезентации што пристигна во Скопје пред стартот на Светското првенство за младинки е ривалот на Македонија, Исланд.

Ладниот Рејкјавик каде температурата во овој период се движи од 5 до 15 степени, го заменија со жешкото Скопје, каде термометрите покажуваат повеќе од 35 степени овие денови.

Но по долгото патување, тие веднаш се фатија за работа и одржаа полесен тренинг пред Драмскиот Театар, кој се наоѓа блиску до хотелот каде што сместени.

Исланд ќе настапи на пријателскиот турнир во Автокоманда кој стартува утре, а ќе биде противник на Македонија покрај Ангола и САД на Мундијалот за младинки, кој пак ќе стартува на 19 јуни.