📸 Како изгледаа најдобрите во ракометот пред Инстаграм да стане дел од секојдневието?

Европската ракометна федерација со хит објава потсети дека многу од денешните ракометни херои своите први чекори ги направија уште во време кога Инстаграм беше само идеја.

Со објава на Инстаграм – „2015 vs 2025“, ЕХФ потсети колку далеку стигнаа многу таленти — од мали сали и мали топки, до полни арени и Лига на шампиони.

Една деценија подоцна, сликите зборуваат повеќе од зборови – ракометот се промени, но страста кај сите инволвирани останува иста.

Погледнете како изгледаа Талант Душебаев, Славе Николов, Мирко Алиловиќ, Матијас Гидсел, Никола Карабатиќ…пред една деценија…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)