📸 Еурофарм Пелистер му посака добредојде на Цикатиќ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го промовираше и младиот кружен напаѓач Кајо Цикaтиќ од Хрватска.

Toj има 24 години, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми и доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица.

Цикатиќ е роден во Дубровник, беше дел од Загреб и хрватските младински категории, а сега првпат ќе игра надвор од хрватските граници.

Покрај Цикатиќ, македонскиот шампион се засили со голманите Ивиќ и Митревски, како и бековите Абутовиќ и Хосни.