Машката репрезентација на Македонија во овие моменти го игра првиот натпревар на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Меѓу присутните на трибините во „Вараждин Арена“ е и амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер.
Таа е во друштво на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, како и генералниот секретар Филип Милошевски.
Покрај Македонија и Унгарија, во групата се уште и селекциите на Холандија и Гвинеја. Во првиот меч од групата, „лалињата“ славеа убедливо против африканскиот ривал со 40-23.