Репрезентативецот на Шведска, Хампус Ване, на лето ќе си замине од Барселона и ќе се пресели во Данска.
Искусниот Ване во Данска ќе настапува за второлигашот Хој Елит, кој има прволигашки амбиции за следната сезона.
Раководството на Хој Елите и Швеѓанецот се договорија на соработка од три сезони, па така данскиот клуб до летото, 2028 година, ќе може да се потпира на квалитетите на левото крило.
Ване од сезона 2022/23 настапува за каталонскиот гигант, претходно беше дел од Фленсбург, дресот на бундеслигашот го носеше во периодот од 2013 до 2022 година.
Како што е познато, во Хој Елит настапувааат неколку познати играчи, а еден од нив е легендарниот Ханс Линдберг.