📷 Сигурдсон ги подели последните совети, Хрватска спремна за силната Данска!

Репрезентацијата на Хрватска утре во Осло ќе се бори за злато на Светското првенство 2025.

Ривал на Хрватска ќе биде Данска, која на претходните три Мундијали (2023, 2021 и 2019) го освојуваше првото место.

Хрватите вечерва го имаа последниот тренинг пред утрешното финале, тренираа со максимален интензитет, па така со голема мотивација ќе влезат во борбата за златото.

Најверојатно, селекторот Дагур Сигурдсон за финалето ќе го има на располагање екс ракометарот на Вардар и Металург, Лука Циндриќ.

Утрешното финале меѓу Данска и Хрватска е на програмата од 18:00 часот, додека од 15:00 часот ќе играат Франција и Португалија за трето место.