📷Прилепчани со желба за плеј-оф ги започнаа подготовките

Ракометарите на Прилеп активно влегоа во 2025-та година, со надеж дека ќе изборат пласман во плеј-оф фазата од суперлигашкото друштво.

Ростерот на играчи со кој ќе располага тренерот Божидар Мојсов, засега останува непроменет, со исклучок на заминувањето од клубот на Томче Трајчевски и Михаил Ангелески.

Покрај тренинзите, со стартот на вториот дел од сезоната екипа ќе одигра неколку пријателски натпревари со цел проверка на формата на секој ракометар.

Прилеп се наоѓа на 8. позиција на табелата со 14 бодови и заостанува само на 2 бода зад Тиквеш и Бутел Скопје.

Составот на Мојсов првиот натпревар во новата година ќе го има против Бутел Скопје, потоа следуваат дуелите со Вардар, Тиквеш, Струга, Бисинов…