📷Пелистерци ги стартуваа подготовките за најважниот дел од сезоната

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ги започна подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона 2024/25.

Без осум репрезентативци, кои ќе настапат на Светското првенство, но со неколку членови од вториот тим беше одработен првиот тренинг. Деновиве следуваат тестови и тренинг сесии во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Митревски, Кузмановски, Пешевски, Петар и Павле Атанасијевиќ и Костески, Тунижанецот Хосни и Словенецот Цехте ќе се приклучат штом ќе им завршат активностите на Светското првенство во Хрватска, Норвешка и Данска.

Вториот дел од подготовките, од први февруари, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го реализира во соседна Србија, односно во Стара Пазова.

Битолчани првиот официјален натпревар во 2025 година ќе го одиграат на 8 февруари против Куманово на домашен терен.