ФОТО: РК ОХРИД

📷Охриѓани подготвени за утрешниот реванш со Потаиса Турда

Ракометарите на Охрид денеска го одработија вториот тренинг пред утрешниот реванш меч со Потаиса Турда од втората рунда во Европскиот Куп.

Охриѓани на првиот натпревар, кој беше одигран минатиот викенд во Охрид, триумфираа со 31:25, но и покрај овие ,,плус шест” ништо не е решено.

Натпреварот меѓу Потаиса Турда и Охрид се игра утре од 17:00 часот, по што ќе биде познат патникот во третото коло во Европскиот Куп.

Охриѓани пред седум сезони стигнаа до истата фаза и сега се пред повторување на успехот.