Ривалот на Охрид во втората рунда од Европскиот Куп, Потаиса Турда, денеска пристигна покрај Охридско езеро и имаше можност за мала адаптација.
Романскиот тим, кој е квалитетен, со неколку искусни интернационалци, но и домашни ракометари и важи за еден од фаворитите во ова натпреварување.
Натпреварот меѓу Охрид и Потаиса Турда ќе се одигра утре во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.
Билети за овој натпревар ќе може да се набават на билетарницата на салата, од 10:00 часот па до стартот на натпреварот.
Од 16:00 часот пред „Билјанини Извори“ ќе биде отворена фан зона, а за присутните ќе се погрижи Dj Face. Исто така во склоп на фан зоната ќе биде отворен фан шоп каде ќе можат да се купат дресови, маици, шалови…
Реваншот ќе се игра во Романија на 26 октомври со почеток во 17:00 часот, по што ќе се знае дали Охрид ќе продолжи во третата рунда од Европскиот Куп.