Машката репрезентација на Македонија утре го игра вториот натпревар на Европското првенство во Германија.
Ривал на избраниците на Кире Лазаров ќе биде домашната селекција, која во првото коло ја декласираше Швајцарија.
За утрешиот дуел, кој ќе биде одигран во „Мерцедес Арена“ во Берлин, се очекува „црвено-жолтите“ да имаат солидна поддршка од трибините.
Во германската престолнина пристигна дел од „фалангата“, а дел од македонските навивачи немаат билети.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се одигра со почеток од 20:30 часот.