Ракометарите на Тиквеш денеска го играат последниот домашен натпревар за оваа сезона, во која завршија во ТОП 5 екипи во суперлигашкиот плеј-оф.
Претпоследен ривал на избраниците на Раде Стојановиќ во плеј-оф фазата е тимот на Пролет.
Пред почетокот на натпреварот, ракометните љубители во спортската сала „Јасмин” и ракометарите на Тиквеш срдечно го поздравија големиот успех на фудбалерите.
ФК Тиквеш вчера во Скопје испиша историја освојуваќи го својот прв Куп трофеј, откако во финалето ја победи Воска со 2:1, а до раните утрински часови кавадарчани беа во „фудбалски транс“.