Екипата на Еурофарм Пелистер 2 денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ ги стартуваше подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона 2023/24.
Тренерот Михаил Петровски на денешната прозивка на располагање ги имаше сите ракометари, како и новиот член, 18-годишниот Бојан Гичев.
Младиот ракометар редовите на Еурофарм Пелистер 2 ги засили од прволигашот Овче Поле. Во прволигашката конкуренција беше меѓу најдобрите срелци во есенскиот дел од сезоната.
Според предвидениот план, тимот ќе тренира секојдневно во Битола, а кон крајот на месецот предвидени се контролни натпревари со Еурофарм Пелистер и уште неколку суперлигаши.
Еурофарм Пелистер 2 за ривали во плеј-аутот ги има Прилеп, Вардар Неготино, Куманово, Аеродром, Скопје, Мулти Есенс и Голден Арт.