📷 Запознајте ги новајлиите во Охрид

Ракометарите на Охрид денеска почнаа со подготовките за новата сезона, а меѓу присутните беа четири од петте нови имиња.

Засилувања за Охрид се левиот бек Дејан Кукуловски, пивотот Живан Пешиќ, голманот Градимир Чаневски, десното крило Наум Костов и десниот бек Луцијан Бура.

Последниот не беше присутен на првиот тренинг, бидејќи во моментов е Франција како дел од промотерите на ракометот на плажа за овој спорт да стане олимписки.

Охриѓани целите подготовки ќе ги одработат дома, а ќе настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ и потоа на уште еден меморијал „Миле Нешкоски“ во Прилеп пред стартот на новата сезона во Супер лигата.