Трета година по ред беше организаран ревијалниот натпревар под мотото „РК Преспа за Зоки, Були и Котле”.
Овој натпревар беше одигран во чест на легендите на ракометот од Ресен – Зоран Стојановски, Булент Ибрахим и Илче Котевски.
На ревијалниот натпревар настапија Владо Недановски, Владо Тасевски, Никола Стојчевски, Мартин Карапалевски, Горан Крстевски, Ален Ќосевски… и други сегашни и поранешни ракометари и тренери од Преспа.
Специјални гости на настанот беа поранешните репрезентативци на Македонија, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и Гоце Георгиевски.