📷 Вардар слави голем јубилеј и промовира ново лого – 65 години клуб за сите генерации!

Најтрофејниот македонски клуб Вардар слави голем јубилеј – 65 години од неговото постоење.

Во чест на јубилејот, „црвено-црните“ решија да го промовираат новото клупско лого, кое ја отсликува историјата и славното минато на Вардар.

До крајот на јубилејната сезона ова лого ќе ги краси дресовите на двократниот европски првак.

„Клуб за сите генерации претставува омаж на ракометните легенди, спортските работници и навивачите кои шест и пол децении заедно ја создавале црвено-црната приказна која со истиот став, стремеж и емоција продолжува да живее и понатаму!“, се вели во објавата на Вардар.

Вардарци ги повикаа и навивачите да го прослават заедно големиот јубилеј, на дерби двобојот со „сино-белите“ од Автокоманда в недела од 18:30 часот.