По Давор Палевски, кој правеше свадба минатиот викенд, денеска на „лудиот камен“ стапна уште еден ракометар на Пролет.
Станува збор за десниот бек Доне Мајнов, кој се ожени со Симона Стефковска и направи свадбена веселба.
На свадбата покрај другите гости, беа присутни многумина од соиграчите на Мајнов од составот на Пролет, поранешни и сегашни.
Мајнов своевремено беше дел од Металург, пред да премине во Пролет во 2015 година и каде комплетираше девет сезони.