📷 Толку од договорот: Охрид во Атина мораше да тренира во балон!

Охрид веќе со пристигнувањето во Атина се соочи со проблеми пред дуелот со Олимпијакос бидејќи домаќините не му дозволија на македонскиот тим да тренира во салата во која треба да се игра мечот.

Наместо во таа сала, охриѓани мораа да тренираат во балон, кој не ги задоволува спортските услови, односно има низок таван, нема доволно проветрување…

Мечот од четврфиналето на Купот на ЕХФ во Атина треба да даде одговор која екипа ќе биде поблиску до полуфиналето, иако реваншот се игра во Охрид на 4 април.

Македонсксиот тим пред мечот се договори со Олимпијакос, на барање на ЕХФ да нема гостински навивачи. Првиот меч се игра утре во Атина во салата „Илиуполи“ од 16:00 часот, додека реваншот е во СРЦ „Билјанини Извори“ на 4 април од 18:00 часот.

Но, веројатно тоа не значи дека престојот ќе биде пријателски…