📷 Тиквеш може да здивне – Обина конечно дојде!

Тимот на Тиквеш конечно се комплетираше откако во Македонија пристигна и десниот бек Ани Обина.

Нигерскиот репрезентативец имаше проблеми со дозволата за престој, но сега се е регулирано и без проблем може да престојува во Македонија.

Тој ги пропушти цели подготовки на кавадаречкиот тим и сигурно ќе му биде потребно некое време за да биде во полна форма кога најмногу ќе треба.

Видливо беше неговото отсуство на турнирот во Струга, па сега веќе поранешниот стратег Драган Марковиќ, комбинираше на десната бековска позиција.

Таму игра Мартин Димовски, може да покрие и Јован Даневски, но Обина сигурно дека би бил првиот избор.