Ракометарите на Прилеп како и секогаш според традицијата, во ден среда, ги започнаа подготовките за претстојната натпреварувачка сезона, во која ќе влезат со големи амбиции.
Прозивката ја изврши новиот стратег Наум Танески, кој го имаше на располагање најголемото засилување уште од првиот тренинг – Димитар Димитриоски.
На првиот собир не беа присутни тројца од ракометарите – Томислав Квастек, Христи Бикоски и Сандро Дарсанија, кои наскоро ќе се приклучат на тренинзите.
Прилепчани ја продолжија соработката со Владо Кастратовиќ, Иван Ангелески, Томислав Квастек, Денис Шабановиќ, Александар Тренчевски и Марио Столески.
Во споредба со минатата сезона, од Прилеп заминаа левиот бек Никола Цветаноски, десното крило Левани Имнадзе, како и левиот бек Ангелче Органџиев.