Поранешната македонска репрезентативка Елена Ливриниќ и нејзиниот сопруг Стефан Митревски, минатиот викенд направија свадба која долго ќе се памети.
По раѓањето на нивниот син Тадеј кон крајот на минатата година, младенците одлучија свадбената веселба да ја организираат ова лето.
Избраа да го прослават својот голем ден во еден од најубавите ресторани на спортскиот аеродром Стенковец, каде се пееше, се играше и се славеше со голема радост.
Највесела, секако, беше невестата, но не заостануваа ниту бројните гости, меѓу кои можеше да се забележат многу актуелни и поранешни македонски ракометарки, другарки на Елена од спортските денови.
Ливриниќ потекнува од школата на Металург, каде играше до 2016 година пред да се пресели во Романија каде остави длабока трага.
Три сезони настапуваше за Данубиус Галаци, а потоа беше дел од Рапид Букурешт, Глорија Бузау, Слатина и Дева, пред да замине во унгарскиот Сомбатељ, каде ја заврши кариерата.