📷 Свадба од соништата: Eкс македонски репрезентативец се заколна на вечна љубов со поп-дива

Минатиот викенд ќе им остане засекогаш во сеќавање на Иван Ангелов и Александра Јанева. Двајцата се заколнаа на вечна љубов и направија свадба од соништата и за паметење.

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, по романтичното запросување во Париз, сега направи свадба со македонската поп-дива.

Александра Јанева е позната македонска пејачка, двократен победник на реномираниот фестивал „Макфест“, a ги испеа хитовите „Врати ми го сонцето“, „Еве ме пак“, „За сто години“, „Најмило мое“…

Ангелов потекнува од Текстилец, ги бранеше боите на Вардар Јуниор и Драчево, а во својата биографија има запишано настап во ЕП во младинските категории.

Свадбата беше направена во родниот град на пејачката, Струмица, со сите адети, меѓу кои беа и бричењето на младоженецот, туркањето на вратата во домот на невестата, црковната венчавка, регистрација на брак…а веселбата продолжи во еден од рестораните, каде гостите се забавуваа до долго во ноќта…