📷 СТРУГА 2024: Тиквеш во проблеми – капитенот Симиќ заработи тешка повреда!

Тимот на Тиквеш го освои петтото место на Струшкиот турнир со триумфот над домаќинот Струга 24-17, но ќе остане без лидерот следниот период.

Капитенот Страхиња Симиќ се повреди на претходниот меч со Гуиф, на рамото од шутерската рака, кое и претходно му беше оперирано.

Тренерот на Тиквеш, Драган Марковиќ, најави дека се работи за потешка повреда, но нема повеќе детали околу должината на паузата.

Кавадарчани имаат неколку нови ракометари, кои допрва треба да се вклопат во системот, а најавени се уште две засилувања пред стартот на новата сезона.