📷 СТРУГА 2024: „Старите другари“ се најдоа во Струга

Голманот Виктор Гигов, кој како член на ПАОК Солун е дел од Струшкиот турнир, по подолго време имаше средба со некогашниот колега Никола Костески.

Тие двајцата минаа убав заеднички период во турскиот тим Селка спор, кој веќе не постои, но пријателството остана.

Покрај Гигов и Костески, на Струшкиот турнир се видоа и некогашните колеги од Рајн Некар Левен, Илија Абутовиќ и Јеспер Нилсен.

Абутовиќ и Нилсен беа соиграчи во германскиот клуб три сезони од 2018 до 2021, пред едниот да замине во францускиот Шарт, а вториот во данскиот Алборг.

Сега Абутовиќ е член на Еурофарм Пелистер, додека Нилсен се врати во татковината и игра за Ескилстуна Гуиф.