Легендарниот македонски репрезентативец Ацо Јоновски и ова лето го искористи да го посети својот роден град.
Тој ги следеше натпреварите од првиот ден на 52. издание на традиционалниот Струшки турнир на трибините на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.
Некогашниот столб на одбраната на Струга, Еурофарм Пелистер, Вардар, Металург и многу странски екипи многупати беше дел од Струшкиот турнир, а сега на дело ги виде своите наследници од родниот град.
Јоновски по завршувањето на играчката кариера, беше тренер на германскиот Ратинген, а работеше и во стручниот штаб на Кире Лазаров во сениорската репрезентација на Македонија.