📷 Среќата е поголема кога се дели со најблиските

Женската репрезентација на Македонија по 16 години пауза освои бод на континенталните собири.

Македонија одигра реми со Турција, 25-25, а нашите репрезентативки радоста ја поделија со најблиските.

Мал број нивни поддржувачи беа на трибините во „Феникс Арена“ и им ја дадоа поддршката во текот на целиот натпревар.

Среќата е поголема, кога ќе се подели со најблиските…