По огромната трагедија што се случи во неделата рано наутро во дискотека во Кочани, загинаа 59 лица, а многу беа повредени, стигнуваат сочувства од сите страни.
Трофејниот стратег Веселин Вујовиќ, кој работеше во Вардар и беше селектор на Македонија, легендите на „црвено-црните“ – Игор Карачиќ, Тимур Дибиров, Јованка Радичевиќ, упатија сочувство кон македонскиот народ за трагедијата што го снајде.
Допрва ќе се бараат виновците за ова што се случи, а во моментов веќе има осомничени и приведени, но истрагата се уште трае.
Владата прогласи седумдневна жалост во Македонија, одложени се сите натпревари во сите конкуренции, а Ракометната федерација ќе потврди како ќе бидат адаптирани календарите во Супер, Женската и Првата лига, како и во младинските лиги.