На полувремето од големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, битолските љубители на ракометот уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
На паркетот во салата „Боро Чурлевски“ беше преполн со плишани мечиња, кои денеска завршија на вистинското место.
„Еурофарм Пелистер како последна активност оваа година си ја зацрта најважната мисија. Хуманата акција на натпреварот против Вардар доби успешна реализација. Плишаните мечиња и детските играчки кои нашите граѓани, симпатизерите ги даруваа дојдоа во вистинско раце. Нашите професионалци утрово ги даруваа во основното училиште со ресурсен центар Кочо Рацин од Битола. Мисијата успешно завршена“, објавија на социјалните мрежи од шампионот.
По мечот со Вардар, шампионот Еурофарм Пелистер играше и победи на гости кај Пролет, па со оваа хумана акција ги заврши активностите за 2024 година.