Македонската ракометна експедиција од денеска се наоѓа во австрискиот град Брегенц, каде утре ќе го има единствениот тест меч пред третиот бараж за СП 2027.
Селекторот Кирил Лазаров за оваа акција изостави дел од искусните ракометари, поради повреда го нема Ѓорѓиев, а не беше повикан ниту Серафимов.
Австријците по секоја цена сакаат победа против Македонија, а двете репрезентации се подготвуваат за главните предизвици во мај и битките за пласман на Мундијалот.
Македонија ќе го чека победникот од двомечот меѓу Словачка и Украина, а Словаците се на чекор до двобој со нашите ракометари откако славеа во првата пресметка.
Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра утревечер во Брегенц со почеток од 18:00 часот.


























