Тимот на Радовиш во пролетниот дел од сезоната домашните натпревари ќе ги игра во реновираната сала „25 мај“.
Реновирањето започна пред околу месец дена и сите активности се очекува да бидат завршени наскоро.
„Радовиш со нетрпение очекува во новата година да ги започне своите тренинзи и натпревари во новата реконструирана спортска сала, која ќе биде со подобри услови со новиот под, реконстуираните соблекувални и трибините за гледачите“, напишаа од клубот на социјалните мрежи.
Откако започна реновирањето, Радовиш одигра три меча на гостински терен, а оние што требаше да ги игра против „сино-белите“ од Автокоманда и против Прилеп, исто така ги играше на терените на ривалите.
Пролетниот дел од сезоната се очекува да почне во февруари, а прв гостин во Радовиш ќе биде екипата на Струга на 15 февруари.