📷 Се приклучија репрезентативците – пелистерци работат под полна пареа!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер продолжуваат со тренинзите под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Стевче Алушовски. Битолчани полека го комплетираат ростерот, а од денес на располагање на Алушовски се ставија и македонските репрезентативци.

Првпат под палката на Алушовски во Битола тренираа Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Никола Митревски, Самоил Ристевски и браќата Павле и Петар Атанасијевиќ.

На подготовките се приклучи и полскиот репрезентативец Анжеј Видомски, кој исто така играше на ЕП.

Екипата допрва треба да се комплетира. Недостигаат словенечките интернационалци Ник Хенигман и Домен Тајник, кои се уште настапуваат на ЕП, потоа Сеид Хеидарирад, како и Рудолф Хекбарт, кој играше со Бразил на првенството на Средна и Јужна Америка.