Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски, паузата меѓу двете сезони ја искористи на убав начин.
Новиот член на Вардар направи свадбена веселба и се заколна на вечна љубов со Ана Станикевска.
Гостите на свадбата во Струга ги забавуваше легендарниот Наум Петрески, а денот започна со адетот – бричење на младоженецот.
Танкоски славеше титула со Еурофарм Пелистер, реализираше трансфер во Вардар, но покрај ова годинава ќе ја памети и по свадбата.
Меѓу гостите беа многу ракометари, ракометарки и ракометни работници…