Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, направи потег за паметење и ја запроси својата девојка Мишела на врвот на Пелистер, на импресивна надморска височина од повеќе од 2.600 метри.
Романтичниот чин се случи во рамки на традиционалниот настан „Први на Први“, кој секоја година го организираат планинарите од Битола.
Петровски го искористи магичниот момент на изгрејсонце, кога планината беше обвиткана со снег, а температурите се спуштија до -28 степени, за да го постави најважното прашање на кое Мишела без двоумење одговори со „ДА“.
Моментот се случи на првото јануарско утро, на една од најубавите и најсурови локации во Македонија, што ја направи оваа веридба уште попосебна и поемотивна.
Во моментов, Дарио Петровски настапува за Ландшут од Германија, а во својата кариера има играно и во италијанскиот Фасано, босанскиот Коњух, како и во македонските клубови Еурофарм Работник, Струга и Еурофарм Пелистер.

























