📷 Ракометното семејство на Еурофарм Пелистер на најубав можен начин ја заврши 2024

Ракометното семејство на шампионот Еурофарм Пелистер на најубав можен начин ја заврши 2024 година.

Како дел од хуманата акција која започна на дербито против Вардар, битолчани ги донираа плишаните играчки во одделението за педијатрија во Клиничката болница.

Сите играчки беа собрани на полувремето од двобојот против Вардар што се одигра пред две недели во „Боро Чурлевски од навивачите.

Ова е втор дел од акцијата, откако претходно пелистерци донираа играчки во основното училиште со ресурсен центар ,,Кочо Рацин’’ од Битола.