Македонската експедиција денеска со авион од Скопје преку Загреб отпатува за Цирих, од каде што со автобус стигна до конечната дестинација – Винтертур.
Овој град е домаќин на „Жолтиот Куп“ на кој покрај домаќинот Швајцарија, ривали ќе ни бидат Бахреин и Украина.
Првиот тренинг во Винтертур, тимот ќе го одработи во попладневните часови, во терминот од 18:00 часот.
Заминувањето за Данска е планирано на 11 јануари, а на 13 јануари е последниот тест со данскиот тим Митјиланд. ЕП стартува на 16 јануари со дуел против домаќинот Данска.

























