📷 Пуштена во употреба салата „25 Мај“ – реконструиран домот на Радовиш

Тимот на Радовиш во пролетниот дел од сезоната домашните натпревари ќе ги игра во реновираната сала „25 мај“.

Реновирањето започна пред околу два месеци и сите активности беа завршени пред Нова Година, а денеска салата беше пуштена во употреба.

Салата во употреба ја пуштија Министерот за спорт, Борко Ристовски, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов.

„За Радовиш ова значи многу. Овде ни се случуваат сите настани, сите тренинзи. Ова е просторот што ни недостасуваше за да може да обезбедиме соодветни услови за сите спортови. Радовиш отсекогаш бил расадник на добри спортисти, ова ќе даде нов простор во кој младите спортисти заедно со своите тренери ќе ја продолжат традицијата, ќе го негуваат спортот и ќе го градат борбениот дух. Мислам дека наскоро ќе дојдат и резултатите со кои сите ќе се гордееме“, изјави градоначалникот Ристов.

Откако започна реновирањето, Радовиш одигра три меча на гостински терен, а оние што требаше да ги игра против „сино-белите“ од Автокоманда и против Прилеп, исто така ги играше на терените на ривалите.

Сега целосните се санирани подот и трибините во салата, а прв гостин во Радовиш ќе биде екипата на Струга на 15 февруари на стартот на пролетнито дел од Супер лигата.